Атлетик Билбао веднаш објави кој ќе биде новиот тренер на тимот откако Гаиска Гаритано доби отказ. Него ќе го замени Марселињо Гарсија Торал.
Двете страни ќе потпишат договор до летото 2022 година. Последен клуб на Марселињо беше Валенсија. Тој ја напушти оваа екипа во 2019 година, а пред тоа се здоби со сериозно искуство во Спортинг Хихон, Рекреативо, Сантандер, Сарагоса, Севиља и Виљареал. 55-годишниот тренер има вкупно 320 натпревари во Ла Лига, 54 во Купот на кралот и 42 во европските купови.
Раководството на Атлетик одлучи да го ослободи Гаритано поради лошите резултати на тимот. Вчера Атлетик Билбао ја совлада екипата на Елче со 1:0, но неколку дена претходно загубија од Реал Сосиедад во големото баскиско дерби. По 17-то кола, Атлетик Билбао е на 9-то место на табелата во Ла Лига со 21 освоен поен. Марселињо ќе дебитира на клупата на Атлетик Билбао на мечот со Барселона на домашен терен на 6.јанауари.

