Тренерот на Валенсија Марселињо изрази огромно разочарување по поразот со 1:3 од Арсенал во првото полуфинале на Лига Европа во Лондон.
Популарните „Лилјаци” испуштија предност, откако го отворија резултатот со брз гол, но со два погодоци на Александре Лаказет и еден на Пјер Емерик Обамејанг „топџиите” дојдоа до победата.
“Многу сме разочарани што не успеавме да го постигнеме најдобриот можен резултат. Игравме против двајца многу добри напаѓачи Лаказет и Обамејанг кои покажаа зошто чинат толку многу милиони. Ги казнија и нашите најмали грешки. Да не заборавиме дека има и реванш и шансите ни остануваат пред да биде одигран тој натпревар. Остануваме оптимисти, бидејќи не го заслуживме овој резултат од првиот натпревар”, рече Марселињо, тренерот на екипата на Валенсија.