Тренерот на фудбалерите на Валенсија, Марселино, не крие дека е задоволен по нерешените 0-0 на теренот на Манчестер Јунајтед откако неговиот тим во првото коло загуби на домашен терен од Јувентус со 2-0.
„Мислам дека се претставивме солидно во сите 90 минути. Имавме шанси пред нивниот гол, но, недостигаше малку повеќе прецизност во завршницата. Јас сум задоволен бидејќи одигравме нерешно со голем тим каков што е Манчестер Јунајтед“ – вели Марселино.
„Покажавме дека сме ја научиле лекцијата по поразот од Јувентус и дека можеме да гледаме позитивно кон наредните четири средби” додаде тренерот на Валенсија.