Поранешниот тренер на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса е кандидат број еден за менаџерската функција во Евертон. Англискиот клуб веќе водел преговори со 67-годишниот аргентински стручњак, тврди новинарот Николо Шира.
Евертон се раздели со менаџерот Френк Лампард поради лошите резултати. 44-годишниот поранешен англиски репрезентативец беше на кормилото на „карамелите“ од почетокот на 2022 година. Тимот имаше 11 порази во последните 14 натпревари и се наоѓа на претпоследното место во табелата во Премиер лигата. Марсело Биелса беше на чело на Лидс од 2018 година, но го напушти клубот во февруари 2022 година.
Шон Дајч и Томас Френк се исто така меѓу имињата кои се поврзуваат за преземање на Евертон.