Фудбалерите на Реал Мадрид вчера загубија сензационално на домашен терен од Жирона во рамките на Примера Дивизион а домашниот бек, Марсело, постави неславен рекорд кога станува збор за неговиот ефект.
Статистиката вели дека Реал има шест порази, две реми и само една победа на последните девет натпревари во Примера на кои дефанзивецот бил стартер. Во исто време, излезе податокот дека неговата замена, Регилон, има биланс од осум победи на средбите на кои бил во почетниот тим.
Тие бројки предизвикаа реакција кај фановите на Реал кои на социјалните мрежи ја критикуваа играта на Бразилецот. Тој пак, не можеше да се воздржи и иронично одговори – За се сум јас виновен!!! Продолжуваме, –напиша Марсело.