Дефанзивецот на европскиот шампион Реал Мадрид, Марсело, го запиша своето име во историјата на Лигата на шампионите со златни букви.
Со својот гол во победата над Баерн Минхен синоќа, Бразилецот стана најуспешниот одбрандбен играч во нокаут фазата на натпреварувањето.
Имено, Марсело веќе има седум гола зад своето име, надминувајќи го досегашното постигнување на својот соиграч и капитен на Реал (М), Серхио Рамос.
Во текот на оваа сезона Марсело постигна гол во сите елиминациски фази од Лигата на Шампионите – против ПСЖ, Јувентус и сега против Баерн.