Фелипе Луис ќе биде најверојатен стартер во репрезентацијата на Бразил на денешниот осминафинален меч со Мексико. По повредата, Марсело не ќе може да почне во стартните 11 на денешниот петти осминафинален меч на Мундијалот.
Марсело има повреда на грбот која ја влече уште од мечот со Србија и поради тоа веќе цела недела тренира со многу намален интензитет. Тој сигурно ќе остане на клупата за резерви, но прашање е дали воопшто ќе добие шанса на денешниот дуел.
Во составот на Бразил се враќа Данило. Десниот бек имаше повреда на бутот, но лекарите велат дека тој е комплетно опоравен и му се става на располагање на селекторот.