Бразилецот, Марсело, ги именуваше најдобрите фудбалери со кои имал можност да настапува во досегашната кариера.
Дефанзивецот на Реал Мадрид свесно го пропушти легендарниот голман на „кралевите“, Икер Касиљас, иако работеше со него извесен период. За најдобар тренер тој го посочи Зинедин Зидан а Французинот исто така беше избран и во идеалниот тим иако двајцата никогаш не играле во исто време и во иста екипа.
Идеалниот состав од сегашни и поранешен соиграчи на Марсело e следниов: Жулио Цезар, Даниел Алвеш, Тиаго Силва, Серхио Рамос, Роберто Карлос, Каземиро, Лука Модриќ, Месут Озил, Зинедин Зидан, Роналдо и Нејмар.