Играчот на Реал Мадрид Марсело призна дека играл со рака и дека требало да има пенал за Баерн Минхен на мечот кој синоќа се одигра во рамките на 1/2 финалето од Лигата на шампионите. Натпреварот заврши нерешено, а Реал се пласираше во финалето.
„Играв со мојата рака. Топката ме удри во раката и мислам дека тоа е пенал. Ако го кажам спротивното, ќе лажам, но тоа е дел од фудбалот. Не сакам да зборувам за судиите. Понекогаш тие судат во наша корист, а понекогаш и во наша штета. Што и да се случи, треба да играме фудбал”, изјави Марсело по натпреварот.