Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Антони Марсиал е во напредни разговори со клубот за да го обнови договорот.
Според информации на весникот „Тајмс“, двете страни се блиску до тоа да се договорат и Марсиал да го продолжи договорот за 5 години со „црвените ѓаволи”, а неделната плата ќе скокне до 130 000 фунти.
Не е тајна дека Марсиал е во затегнати односи со менаџерот Жозе Мурињо и сака да биде продаден. Сега, сепак, поранешниот играч на Монако се премисли и верува дека ќе остане во клубот подолго од португалецот.
Самиот Мурињо сакал да го пушти Марсиал, но раководството на клубот одби да го стори тоа. Ова е исто така еден од најконкретните примери за несогласувањата на релација раководство на Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо. Актуелниот договор на напаѓачот е до 2020 година.