Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, му посочил на напаѓачот, Ентони Марсијал, да си замине до крајот на преодниот рок.
Познато е дека за францускиот репрезентативец се заинтересирани екипите од типот на: ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен. Марсијал кој има нарушени односи со португалскиот стратег и не ја добива вистинската шанса за докажување, неодамна изјави, дека сака да си замине од „Олд Трафорд“.
Ќе потсетиме дека Марсијал пристигна кај „црвените ѓаволи“ во 2015 година откако за неговиот потпис беа платени големи 60. милиони фунти.