Фудбалерот од средниот ред, Ентони Марсијал, ќе му биде на располагање на Оле Гунар Солскјер за утрешното дерби против Манчестер Сити додека напаѓачот, Единсон Кавани, ќе мора да го помине фитнес тестот за да добие дозвола да настапи, нагласи тренерот на Манчестер Јунајтед.
Двајцата пред неколку дена го пропуштија решавачкиот натпревар со РБ Лајпциг кога нивниот тим загуби со 3:2 и беше елиминиран од Лигата на шампионите.
Солскјер на средбата со новинарите нагласи дека Де Геа ја има неговата поддршка иако во последните неколку мечеви направи големи грешки. Тој не сакаше да прецизира дали Шпанецот ќе го започне мечот со „граѓаните“.

