Тотенхем планира да започне преговори со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал. Францускиот фудбалер кој не влезе на списокот на селекторот, Дидие Дешамп, за Светското првенство во Русија, е една од главните цели на тренерот Покетино.
Според – „Daily Mail“, првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, ќе му даде на менаџерот најмалку 100 милиони фунти за летната селекција а значителен дел од тие пари треба да бидат потрошени за ангажман на Марсијал.
Најголем проблем за лондончани може да биде желбата на Манчестер Јунајтед да ја врати речиси целата инвестиција што ја имаше за Французинот во 2015-та. Тогаш „црвените ѓаволи“ првично му платија на Марсеј 38 милиони фунти, но, со сите бонуси износот порасна до 58 милиони.