Манчестер Јунајтед инсистира на тоа Ентони Марсијал да остане во клубот, но други извори велат дека „црвените ѓаволи“ ќе мора да го продадат, затоа што самиот играч бара трансфер.
Како што е познато, младиот Французин е многу сериозна трансфер цел на Тотенхем, но со оглед на ситуацијата, Манчестер Ј. нема да му дозволи на францускиот напаѓач да замине во ниту еден друг клуб од Премиер лигата. Таоа е став на клубот кој вели дека може да го продаде само во странство.
22-годишниот фудбалер не се најде и во репрезентацијата на Франција за престојното СП.