Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал пристигна во Севиља за да потпише договор со клубот од „Рамон Санчез Писхуан“. Ова го објави инсајдерот Фабрицио Романо на својот „Твитер“ профил.
Претходно беше објавено дека 26-годишниот играч наскоро ќе се приклучи на тимот од „Ла Лига“, кој целосно ќе му ја исплати платата до крајот на сезоната. Марсијал полета од Париз за Севиља во текот на денешниот ден за да помине на лекарски преглед.
Да потсетиме дека интерес за Марсијал покажаа Барселона, Атлетико Мадрид и Јувентус. Марсијал дојде во Манчестер Јунајтед во 2015 година од Монако. Трансферот изнесуваше 60 милиони евра, а оваа сезона одигра 8 натпревари за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата на кои постигна еден гол.