Напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт има потенцијално тешка повреда, објавија Радио Каталонија и АС.
Според информациите, данскиот репрезентативец, кој имаше болки во коленото, се обиде да се опорави навреме за дуелот со Баерн (Минхен) во Лигата на шампионите, но наместо тоа ја влоши состојбата и предвреме го напушти денешниот тренинг на Каталонците. Доколку се потврди прогнозата за истрошена ‘рскавица на коленото, Брајтвајт може да биде надвор од терените во следните 3-4 месеци. Тој одлично ја започна сезоната со два гола и една асистенција во победата од 4:2 над Реал Сосиедад, а потоа беше стартер против Атлетик Билбао (1:1) и Хетафе (2:1).
🚨🚨🚨[ @gerardromero🥇] | Martin Braithwaite left the training today and he is expected to be OUT for a 3-4 months due to knee and cartilage problems. pic.twitter.com/i5S10EFT3B
— BarçaTimes (@BarcaTimes) September 12, 2021
30-годишниот фудбалер се приклучува на другиот повреден напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро, а новото засилување Лук де Јонг останува единствениот напаѓач во тимот што игра во средина, бидејќи карактеристиките на Мемфис Депај се поголема активност на крилните позиции.