Расел Мартин по тешкиот пораз од Тотенхем заработи отказ од кормилото на англискиот фудбалски состав Саутемптон.
Неговиот тим со само една победа по 16 кола останува закован на дното на табелата во Премиер лигата. На местото на 38-годишниот стратег времено ќе биде Симон Раск кој работи со вториот тим на популарните „светци“.
– Би сакале да ја искористиме приликава да им се заблагодариме на Расел и неговиот тим за сета напорна работа и посветеност што ја вложија во клубот во последните 18 месеци“ – стои во објавата на Саутемптон.

