Младиот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели потпишал нов договор со „топчиите“. Бразилецот се согласил на нов четири и пол годишен договор кој ќе го задржи на „Емирати“ до летото 2027 година.
Претходниот договор на крилниот напаѓач требаше да истече на крајот на следната сезона, иако клубот имаше опција да го продолжи за уште две години.