Селекторот на фудбалерите на Белгија, Роберто Мартинез го пофали целиот тим по успехот над Финска со 2: 0 на последниот натпревар од групната фаза.
„Научивме многу за нас. Мислам дека игравме добро во првото полувреме, но, мора да им оддадеме почит на Финците кои добро се бранеа“ – вели Мартинез.
„Јас сум многу задоволен што Кевин де Бруин започна како стартер. Аксел Вицел претходно не играше. Среќен сум што двајцата играа заедно речиси 90 минути. Јас исто така сум задоволен од постигнатото“ – вели Мартинез.

