Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој постигна гол на вчерашниот меч со Баерн Минхен во реваншот од 1 / 4 финалето на Лигата на шампионите, не крие дека има високи амбиции.
Италијанците по триумфот во Германија во првата средба со 2-1, доцна синоќа одиграа нерешено 2:2 на „Џузепе Меаца“ во Милано со што успеаја да го елиминираат баварскиот гиган и да влезат во полуфиналето во елитата на Европа.
„Тоа секако беше епски натпревар кој долго ќе го паметиме. Благодарам на целиот персонал, моите соиграчи и навивачите кои се нашиот 12-ти играч“ – рече Аргентинецот.

