Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, вели дека неговиот им требало порано да го реши мечот со Словенија во фазата на елиминации на ЕП. Португалците кои не искористија пенал преку Роналдо во продолжението од два пати по 15 минути, на крајот беа посреќни во пенал-рулетот.
„Имавме многу шанси во текот на 90 минути, игравме многу добро. Ја имавме многу топката но не победивме“ – вели Мартинез.
„Мислам дека тајната на Португалија е Диого Кошта. Неговата реакција во ситуација еден на еден беше неверојатна“ – вели селекторот на Португалија.

