Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, нема да оди на операција но, ќе биде надвор од терените околу 6 до 8 недели, објавија медиумите во неговата татковина – Аргентина.
Дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ заработи потешка повреда на последниот меч со Вест Хем а олеснителна околност е што нема потреба да оди во болница.
Доколку тоа се потврди и со дополнителните лекарски прегледи, тоа значи дека бекот ќе може да се врати на стадионите кон крајот на месец март.