Напаѓачот на фудбалскиот состав Интер, Лаутаро Мартинез кој вчера постигна два гола во триумот против Шахтјор (5-0) во полу-финалето во Лига Европа, вели дека неговиот тим заслужено си обезбеди место во големото финале.
„Неверојатна ноќ, како што сонувавме. Головите ги посветувам на мојата сопруга и семејството,бидејќи го очекуваме нашето прво дете“ рече интернациоанелцот од Аргентина.
„Нероаѕурите“ в петок од 21.00 часот на стадионот во Келн ќе се борат со шпанската Севилја за победникиот пехар во Лига Европа.