Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, нема намера да го напушти тимот од Милано иако за неговите услуги се заинтересирани неколку екипи од Шпанија и Англија.
„Целосно сум фокусиран на клубот без разлика што ќе се случи и затоа ќе потпишам нов договор со Интер“ – потенцираше Лаутаро за- „Газета дело спорт“.
Аргентинскиот репрезентативец има одиграно 33 меча во сезонава на кои постигна15 погодоци и направи седум асистенции.

