Роберто Мартинез е нов селектор на фудбалската репрезентацијата на Португалија.
Тој откако го напушти кормилото на Белгија по неуспехот на Мундијалот во Катар, сега ќе го наследи Фернандо Сантош кој од истите причини си замина од кормилото на „европските бразилци“.
„Почестен сум што ќе водам репрезентација која е една од најталентираните во светот. Ќе разговарам со сите играчи кои беа во Катар вклучително и со Роналдо кој го почитувам многу“ – рече Мартинез.