Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез зборуваше за својот соиграчот од репрезентѕацијата Лионел Меси.
„Меси е најдобриот играч на светот, тој е Аргентинец, тој е наш. Лионел тренира максимално, тој е пример за сите. Ми даде и лични препораки. Доживувам многу важен момент во мојата кариера. Оваа година доживеав неверојатни моменти, чувства што никогаш не сум ги доживеал, емоции, гледајќи го моето семејство на овој начин. За мојата сопруга, ќерка ми, ова е уникатно искуство. Како дете сонував за тоа. Јас сум многу среќен и задоволен од мојата кариера. Сакам да продолжам во истиот дух, да учам од соиграчите и од секој тренер со кого работев“, изјави Лаутаро Мартинез.
Да потсетиме дека Аргентина го освои Купот на Америка, победувајќи ја репрезентацијата на Бразил во финалето.