Аргентинскиот фудбалски интернационалец, Лисандро Мартинез, кој го постигна единствениот гол за триумф на Манчестер Јунајтед на вчерашното гостување кај Фулам, вели дека неговиот состав ја заслужил победата.
„Мислам дека имав среќа но, тоа е значајна победа. Задоволен сум од начинот на кој го добивме натпреварот“ – изјави играчот од средниот ред на „црвените ѓаволи“.
Мартинез во сезонава се појави на 30 натпревари со ефект од два гола и две асистенции.

