Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, не крие дека е разочаран од елиминацијата во ЛШ. Неговиот гол вчера им донесе минимална победа од 1-0 на Италијанците на теренот на Ливерпул, но, англискиот состав оди понатаму благодарение на триумфот во Милано со 2-0.
„Го направивме тоа што го сакавме, покажавме карактер и желба да пројдеме во наредната рунда. Им го загорчивме животот на еден од најтешките стадиони во светот“ – вели напаѓачот на Интер.
„Вистинска е штета што на крајот завршивме со 10 играчи на теренот, такви детали и такви работи ја прават разликата во Лигата на шампионите“ – изјави Лаутаро.