Селекторот на фудбалерите на Португалија, Роберто Мартинез, не е задоволен по вчерашниот меч со Шкотска во Лигата на нации кој заврши без голови.
„Домаќинот се обидуваше да доминира до средината на вториот дел а потоа се повлече на неговата половина. Мислам дека одигра одлично во дефанзивата“ – вели Мартинез.
„Добро е што не дозволивме да примиме гол од контра-напад. Имавме контрола на играта но, немавме вистинска завршница“ – вели селекторот на Португалија по вчерашниот меч во „А“ сегментот во Лигата на Нации.

