Фудбалерите на Португалија во фазата на елиминации на Европското првенство ќе излезат на мегдан со Словенија. Мечот е закажан за 1 јули во вечерниот термин. Нивниот селектор, Роберто Мартинез, вели дека нема слаби противници.
„Никој не може да очекува лесна победа. Имавме пријателски натпревар со Словенија но, сега се ќе биде поразлично“ – вели Мартинез.
„Тоа е репрезентација која игра повеќе како клуб, многу дефанзивни, двајца големи напаѓачи, треба добро да се подготвиме“ – изјави селекторот на Португалија за сајтот на УЕФА.