Селекторот на Белгија Роберто Мартинез е задоволен од победата над Канада од 1:0 и покрај тоа што ова беше еден од нај неубедливите настапи на тимот во неговиот шестгодишен мандат.
Откако Аргентина и Германија ги загубија почетните натпревари, Белгија исто така беше блиску до пораз, но на крајот, селекцијата што заврши на третото место на Светското првенство 2018 година се најде на врвот на групата, два бода пред Хрватска и Мароко.
„Технички беше најлошата игра? Да. Најлоша игра? Не, бидејќи тоа е победа на Светското првенство. Моравме да ја покажеме другата страна од нашата игра и моравме многу добро да се браниме. Постигнавме многу добар гол. Мора да и честитаме на Канада, но ние заслуживме да победиме. Мора да бидеме самокритични и да додаваме. Но, подобро е да го направите тоа кога ќе имате три бода, особено откако ќе видите што се случи“, изјави Мартинез по натпреварот.