Белгискиот селектор Роберто Мартинез смета дека успехот против Англија е реален одраз на настаните на теренот. Тој по мечот не го криеше задоволството што неговата селекција со максимални три победи оди во осминафиналето.
„Победата е заслужена, игравме многу добро. Не можете да го планирате идеалното сценарио, видовме големи тимови кои веќе се елиминирани. Мораме да се погледнеме себеси, без разлика со кого играме. Не очекува Јапонија и ќе бидеме добро подготвени за овој натпревар“, вели Мартинез.