Селекторот на португалската репрезентација Роберто Мартинез зборуваше за отсуството на Кристијано Роналдо на натпреварот со Луксембург (9:0) во квалификациите за ЕП 2024 година.
„Дали тимот функционира подобро без Роналдо? Кристијано е многу важен дел од овој тим, Пепе исто така. Тие имаат големо ниво и работна етика и додаваат голема вредност на нашиот тим. Треба да им дадеме можности и на Гончал Рамос и на Жота да покажат што можат. Роналдо има искуство и посебен начин на живот, не треба да се сомневаме или споредуваме. Овој тим е подготвен да победи без Кристијано“, изјави Мартинез.
Претходно беше објавено дека Португалија ја извојува најголемата победа во историјата на мечот со Луксембург.