Аргентинскиот фудбалски тренер, Тата Мартино, ќе седи на клупата на Интер Мајами.
Тоа значи дека искусниот тренер по трет пат ќе работи со Лионел Меси кој во текот на летово се пресели во МЛС лигата во САД.
Мартино претходно го тренираше Меси во Барселона и во селекцијата на „гаучосите“ од 2014-та до 2016-та година.