Крилниот напаѓач на Монако, Желсон Мартинс ќе плати висока цена за своето агресивно однесување кон судијата Микаел Лесаж при поразот од 1:3 против Ним во 22-то коло на француската Лига 1.
Португалецот е казнет да не игра фудбал шест месеци, а санкцијата започнува да трае од 6 февруари кога се одигра овој натпревар. Во 32-та минута од овој натпевар, Бакајоко изгуби контрола над топката и во обид да ја врати, дојде до старт над противничкиот играч. Судијата ја погледна ситуацијата со ВАР системот и одлучи да му додели црвен картон на Бакајоко.
На ова жестоко реагираше Желсон Мартинс, а судијата веднаш го извади црвентиот картон и му го покажа патот кон соблекувалната на португалскиот интернационалец. Тој не ја прифати оваа одлука и го турна со раката судијата, што се покажа како фатално. Клубот соопшти дека ја прифатиле одлуката на Дисциплинскиот комитет и го осудуваат однесувањето на нивниот фудбалер, но ја оспорија должината на санкцијата.
Монако тврди дека Мартинс не е груб играч, и дека има одиграно многу натпревари, а нема добиено ниту една сериозна казна. За овој инцидент многу се пишуваше во Франција, а се чини дека оваа сериозна казна е пред се за да спречи идно лошо однесување на играчите кон судиите.