18-годишниот фудбалер на Кастилја, Марвел, добил лично честитки од првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, веднаш по мечот со Барселона Б одигран во третата лига на Шпанија.
Младиот дефанзивец кој настапува за вториот тим на „кралевите“, во континуитет има добри партии и затоа го привлече вниманието на Перез.
Многумина го гладаат Марвел како наследник на легендарниот Серхио Рамос, кој во изминатото лето се пресели во ПСЖ.