Поранешниот играч на Барселона Хавиер Маскерано не се согласува со фаворизирањето на Баерн (Минхен) пред дуелот меѓу двете екипи од 1/4 финалето на Лигата на шампионите.
„Баерн не е толку фаворит како што велат сите. Баерн има многу добар тим и неговите играчи се многу моќни, но во еден натпревар може да се случи се. Сигурен сум дека Барселона ќе биде подобра и ќе оди понатаму “, изјави Маскерано.
„Барселона ќе треба да го контролира натпреварот бидејќи секогаш им беше тешко да се одбранат во близина на нивниот казнен простор. Поединците играат важна улога во контролата на играта. Со играчи како Меси, Бускетс и Пике, нормално е Барселона да игра позитивен фудбал“, додаде Маскерано.