Хавиер Маскерано кој седна на клупата на фудбалскиот состав Интер Мајами и сега ќе работи со неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Лео Меси, изјави дека имал разговор со големата ѕвезда на американскиот состав.
„Разговарав со Лео. Имам среќа што тој беше искрен со мене бидејќи обично не се вклучува премногу“ – вели Аргентинецот.
„Многу сум среќен што сум тука и со нетрпение очекувам да започнам со тренинзи“ – потенцираше Маскерано.

