Неколку шпански фудбалери се уапсени поради сомневање за местење натпревари, објавија медиумите во земјата.
Шпанската фудбалска лига потврди дека полицијата изврши голема операција, која се уште трае. Меѓу уапсените се популарни имиња како поранешните фудбалери на Реал Мадрид Раул Браво и Борха Фернандез, како и Карлос Аранда, Иниго Лопез, Самуел Саис, претседателот на Хуеска – Агустин Ласаоса и лекарот на тимот, пренесуваат медиумите.
Во информациите се наведува дека Раул Браво е осомничен како главен организатор во криминалната група за местење на натпревари. Истрагате е насочена кон девет натпревари од првата и втората лига, а еден од натпреварите е поразот на Хуеска со 0:1 од Гимнастик Тарагона во 41-то коло на втората лига од сезоната 2017/18, пишува весникот „Ел Паис“. Сомнителни биле и некои од последните натпревари во првите две лиги оваа сезона.

