Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, призна дека за време на вчерашниот состанок со клубовите, прв пат разговарале за можноста за откажување на сезоната откако лигата е суспендирана поради пандемијата на корона-вирусот.
Сепак, тоа сценарио тимовите го отфрлиле бидејќи остануваат обединети во намерата да ја завршат сезоната и да ги добијат парите од ТВ-правата.
„Прв пат зборувавме за прекинување на шампионатот. Очигледно нема да играме до средината на јуни. Се чини дека сега не добро да се зборува за натпревари пред да се одлучи кога ќе започне првата фаза на тренингот. Ние ќе продолжиме да ги проценуваме околностите“ – нагласи Мастерс.