Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Хуан Мата, кој има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезонава, најверојатно ќе добие продолжување на соработката за уште една година, објавија денеска медиумите во Англија.
Тие негираат дека фудбалерот кој 5 сезони игра на стадионот – „Олд Трафорд“, може да се врати во татковината и да потпише за екипата на Барселона. Наводно, раководството на „црвените ѓаволи“ сака да му биде предложен нов едногодишен договор на Мата кој ќе вклучува и опцијата за продолжување на соработката до летото во 2021 година.
Играчот од средината на теренот кој добива неделна плата од 170 илјади фунти, неодмана изјави дека сака да добие нов тригодишен договор.