Шпанскиот интернационалец во редовите на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, јавно потенцираше дека неговиот поранешниот тренер, Жозе Мурињо, има посебно влијание за освоените трофеи.
Стратегот од Португалија неодамна доби отказ од кормилото на „црвените ѓаволи“ откако имаше многу недоразбирања со дел од ѕвездите на тимот. Меѓу нив не се вбројува Мата кој е еден од ретките што се задоволни со работата на трофејниот тренер.
„Имавме посебна недела откако дојде промената на тренерот. Јас би сакал да му се заблагодарам на Жозе Мурињо за трофеите што ги освоивме заедно. Му пожелувам среќа во иднина“ – изјави Мата.