Хуан Мата сака да се врати во шпанскиот национален тим. Играчот на Манчестер Јунајтед ова го изјави во интервју за шпанската телевизија, во кое зборуваше и за својата иднина во дресот на Шпанија.
„Многу би бил среќен повторно да играм за Шпанија. Сеуште се чувствувам млад, иако имам многу години на теренот. Имам многу цели, кои сум си поставил сам. Уживам во фудбалот и сакам да се вратам во репрезентацијата”, коментираше 30-годишниот Мата.
Тој има одиграно 41 натпревар и постигнато 10 гола во дресот на шпанската репрезентација, со која победи на Светското првенство 2010 и Евро 2012. Последниот натпревар за Хуан Мата со дресот на Шпанија беше во декември 2016 година. Потоа Шпанците одиграа контролен натпревар со Англија.
„Сметам дека националниот тим доживува моменти на промена. Има многу нови играчи, нов селектор. Сметам дека некои од фудбалерите со кои сме играле во претходните години, можеме да помогнеме”, категорично изјави искусниот фудбалер, кој дебитираше за Шпанија во 2009 година .