Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мануел Мата, кој цели 10 сезони е дел од Премиер-лигата, го издвои најдобриот играч со кого настапувал во најсилната конкуренција на Англија.
„Искрено, ми беше задоволство кога играв со Азар. Според мене, тој долг период беше најдобриот играч во Премиер. Азар со неговите потези можеше буквално сам да ги реши мечевите“ – потенцира Шпанецот кој во минатото ги носеше дресовите на Реал Мадрид Кастијла и на Челзи.
„Азар сега во Реал има лоша среќа со повредите, но, верувам дека ќе ги покаже вистинските квалитети кога ќе биде во посакуваната форма“ – нагласи Мата.

