Хуан Мата се согласил да му биде намалена платата за 25 % за да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед не за една, туку за две години.
Шпанскиот фудбалер сакал нов договор пред четири дена и да добие 135.000 фунти неделно, наместо 180.000 фунти кои ги добиваше претходно.
31-годишниот Мата се чувствува многу среќен во Манчестер и поради таа причина сакаше да остане што е можно подолго во клубот. Во принцип, стратегијата на Јунајтед е за играчи постари од 30 години да понудат дополнителни договори за 12 месеци.
Пред ова продолжување на договорот, имаше шпекулации дека интерес за Мата има кај Барселона.