Фудбалскиот состав на Штутгарт го обнови договорот со тренерот, Пелегрино Матарацо до 30 јуни во 2024 година.
43-годишниот специјалист пристигна кај популарните „шваби“ на крајот на 2019 година и успеа да го однесе тимот во Бундес-лигата. Штутгарт во тековнава сезона е десетти и далеку од зоната за испаѓање.
Матарацо е роден во Њу Џерси (САД) а пред да стане тренер играше во пониските дивизии на Германија. Тој пред да го преземе кормилото на Штутгарт му беше помошник на Џулијан Нагелсман во екипата на Хофенхајм.

