Екипата на Баерн (Минхен) беше критикувана во Германија откако по поразот од Мајнц во Бундес-лигата, фудбалерите заминаа на два дена на така наречен тим-билдинг на шпанскиот остров Ибица.
Баварците ја обезбедија десеттата последователна титула во шампионатот а патувањето имаше за цел да го „обедини тимот“, изјави спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ.
Тоа не му се допадна на светскиот шампион од 1990 година, Лотар Матеус. – Тоа не требаше да се дозволи, особено по таков натпревар, беа дел од зборовите на Матеус.