Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Матеус предложи привремен селектор за Германија, по што ќе дојде Клоп
    Фудбал

    Матеус предложи привремен селектор за Германија, по што ќе дојде Клоп

    risteBy riste11/09/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Легендата на германскиот фудбал Лотар Матаус ја понуди својата опција за национален селектор по отпуштањето на Ханзи Флик. Поранешниот селектор на Германија доби отказ во неделата поради лошите резултати.

    Капитенот на светските шампиони од 1990 година го предложи Матијас Замер за привремен селектор до Европското првенство следното лето, по што тимот ќе го преземе Јирген Клоп. Сепак, Клоп има договор со Ливерпул до 2026 година.

    Во моментов Замер е дел од специјален тим на Германскиот фудбалски сојуз, чија задача е да помогне во враќањето на силата на германскиот фудбал. Замер имаше кратка тренерска кариера, додека на почетокот на векот беше единствено на чело на Борусија (Дортмунд) и Штутгарт во комбиниран период од пет години. Пред неколку години имаше здравствени проблеми, но сега е подобар и често се појавува како аналитичар. Замер е познат по својот остар и критички јазик.

    „Матијас Замер е личност која често ги повредува другите со своите зборови, но ова е нешто што во моментов го немаме, но би било добро за тимот“, прокоментира Матеус.

    „Клоп моментално не е слободен затоа што сака да заврши со пишувањето на својата историја во Ливерпул. Но за мене тој би бил идеален селектор по европското првенство“, изјави Матеус.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Занети се наврати на успесите со Интер

    26/09/2023

    Барнс ќе оди на подолга рехабилитација

    26/09/2023

    ПФА ќе интервенира

    26/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Занети се наврати на успесите со Интер
    • Барнс ќе оди на подолга рехабилитација
    • ПФА ќе интервенира
    • УЕФА го одреди домаќинот на Супер Купот во 2024
    • МТЕЛ е нов спонзор на МЗТ Скопје А.
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.