Селекторот на Холандија, Франк де Бур изјави дека дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт се повредил на тренинг за националниот тим. Играчот го напуштил тренингот на својата репрезентација пред предвидениот рок.
„Тој има болка во препоните, па не сакаше да ризикува. Треба да почекаме и да видиме што ќе се случи понатаму. Другите фудбалери треба да се подготвуваат за ЕП, а со оние кои имаат повреди не треба да ризикуваме“, изјави Де Бур.
Натпреварите на ЕП ќе се одржат од 11 јуни до 11 јули, а во групната фаза на Европското првенство, репрезентацијата на Холандија ќе игра со репрезентациите на Австрија, Украина и Македонија.