Медиумите во Англија објавија дека првиот човек на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, веднаш по поразот од Ливерпул во Премиер лигата имал средба со играчите на која била донесена одлуката да му се врачи отказ на тренерот Жозе Мурињо.
Според објавеното, само Немања Матиќ и Ромелу Лукаку биле против таквото решение и му дале поддршка на Португалскиот стратег. По 17 кола во Премиер лигата, „црвени ѓаволи“ се наоѓаат на шестата позиција со 19 бодови заостанување зад лидерот Ливерпул.
До крајот на сезоната на клупата на – „Олд Трафорд“ ќе седи поранешниот фудбалер, Оле Гунар Солскјер, кој во меѓувреме го напушти норвешкиот тим Молде.